Македонија

МЗШВ: Исплатени рекордни 26 милиони евра субвенции за произведен и предаден тутун од реколтата 2022 година

„Рекордни 26 милиони евра субвенции за произведен и предаден тутун од реколтата 2022 година денеска се исплатени на сметките до 15.753 производители на тутун“, истакна во денешната изјава  министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски .

Николовски додава дека тутунарите своите заслужени средства може да ги очекуваат на своите сметки.

„Висината на директните плаќања изнесуваат 80 денари по килограм за прва класа произведен и предаден тутун , 70 денари за втора класа и 60 денари за трета класа произведен и предаден тутун од реколта 2022 година.

Минатата година испишавме историја и по цена и по количина и по период на откуп. За прв пат тутунот достигна рекордна откупна цена од 290 денари по килограм, што е зголемување за 44% во споредба со реколтата од 2021 година.

Сведоци сме сите дека како никогаш до сега имавме година во која откупот помина без ниту еден проблем, а целокупното производство од реколтата 2022 беше откупено два месеци порано пред истекот на законскиот рок.

Имавме година со добар квалитет на тутунот што допринесе дури 80% од тутунот да биде откупен во прва класа, што претставува уште еден историски успех за производителите на тутун.

Вкупната вредност на откупениот тутун во 2022 година достигна 6 милијарди денари и во целост е исплатен од страна на откупните претпријатија.

Тутунот во реколтата 2022 година е засаден на површина од 13.237 хектари, што претставува зголемување на површините за 11%, односно нови 1.453 хектари. Тоа допринесе и за зголемување на договорното производство на тутун за околу 8%, односно нови 1.780 договори или вкупно 29.429 склучени договори за 2022 година.

Преку денешната исплата на субвенциите за произведен и предаден тутун од реколтата 2022 година ја заокружуваме успешната година.

Сите овие податоци говорат дека политките и мерките кои министерството заедно со земјоделците ги креира даваат резултат. Дека земјоделците не се откажуваат, туку уште повеќе вложуваат во земјоделието.

Сакам да упатам благодарност до сите тутунопроизводители и до откупувачите, кои уште еднаш докажаа дека договорното производство е успешниот модел за соработка.

Како министерство сме подготвени и оваа 2023 година повторно преку заеднички дијалог и соработка да постигнеме уште подобри резултати“, рече Николовски во својата изјава.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago