Струмица

Приведен разбојник од Струмица, украденото вратено на сопственикот

Приведени двајца разбојници од Струмица, едниот украл пари а другиот цигари, информира СВР Струмица.
Вчера во 02.50 часот полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Т.М. (44) од Струмица, кој околу 01.50 часот во продавница (тобако) во Струмица со закана одзел пари од дневниот промет од вработената.

Кај Т.М. биле пронајдени парите, како и предмети поврзани со кривичното дело. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Исто така полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода и Г.П. (40) од Струмица поради основано сомнение за сторно кривично дело тешка кражба од маркет во Струмица. При претрес во домот на Г.П. пронајдени се 663 кутии цигари, украдени од маркетот. Г.П: е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago