Македонија

Замрзнатите цени се одмразнати поради порастот на увозните цени на овошје и зеленчук и до 30%

На предлог на Министерството за економија, Владата на вчерашната седница донесе измена на Одлуката за определување на највисоки цени на овошје и зеленчук во трговијата на мало.

Министерството за економија врз основа на спроведените консултации со најголемите увозници на овошје и на зеленчук во Република Македонија, како и имајки ги во предвид најновите податоци од Царинската управа, утврди дека увозната цена на одредени видови овошје и зеленчук е зголемена, поради претстојните празници.

„По консултациите со увозниците на овошје и зеленчук и со претставници од Стопанската комора на Северна Македонија кои ги имавме минатата недела и согласно доставените податоци и од Царинската управа, утврдивме зголемување на увозните цени и до 30%, посебно кај доматите, краставиците и кај гравот. Контролите на инспекциите и надлежните институции ќе продолжат и во наредниот период се со цел да не бидат оштетени граѓаните, Буџетот на државата, како и да се сузбие и сивата економија и да има поголема конкурентност на домашното производство“ кажа министерот за економија Крешник  Бектеши образложувајќи ја последната одлука на Владата.

Согласно одлуката новите највисоки цени на овошјето и зеленчукот се: до 95 денари за  килограм свежи домати, до 95 денари за  килограм свежи краставици, до 70  денари за  килограм кромид, до 100 денари за килограм свежи зелени пиперки, до 95  денари  за  килограм грав, до 110  денари за  килограм леќа, до 75  денари за  килограм банани, до 60  денари  за  килограм портокали, до 65  денари  за  килограм мандарини и до 60  денари  за  килограм лимони. Кај карфиолот се укинува ограничувањето на највисока цена.

Ваквото ограничување на највисоките цени на овошјето и на зеленчукот во трговијата на мало, останува да важи до 30 април 2023 година, а ќе стапи на сила по објавување во Службен весник.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago