Здравје

Кардиолозите советуваат: Три вида намирници што треба да ги избегнувате – Можат да бидат исклучително штетни за срцето и крвните садови!

Доколку имате проблеми со срцето, избегнувајте ги овие намирници што е можно повеќе

Ниту една пржена храна не е здрава за срцето поради високите нивоа на заситени и транс масти, но првото место на листата на најлоши намирници за срцето е убедливо помфритот.

Лекарите посочуваат дека таквата храна треба да ја избегнуваме, без разлика на тоа колку години имаме. Велат дека ниту една храна не може само да предизвика инфаркт и наеднаш да го запре срцето, но дека е подобро да се јадат во умерени количини. Ова правило треба да го почитуваат сите кои не можат без следните намирници.

Инаку, доколку ги јадете често и доста долго, овие намирници се главниот виновник за кардиоваскуларните заболувања. Ова се најлошите намирници за здравјето на срцето:

Помфрит

Според докторката, помфритот дефинитивно се издвојува како најлош.

„Тоа е како да сте зеле парче чисти јаглехидрати, потоа сте го испржиле и добро го зачиниле“, објаснува кардиологот Џеф Етертон, доктор на науки, истакнувајќи дека „проблемот е што нашите тела копнеат за натриум и лоши масти“.

Како што вели, обидете се да го замените помфритот со здрави грицки од растителна основа.

Преработени месни производи, особено колбаси

Лекарите забележуваат дека храната која вклучува сланина, шунка и колбаси го зголемува ризикот од срцева слабост. Сепак, кардиологот истакнува дека сланината не е најлошата храна, туку колбасот. Содржи повеќе заситени масти.

„Затоа можеби ќе се чувствувате малку подобро ако за појадок испржите неколку парчиња сланина со јајца“, вели кардиологот.

Црвено месо

Црвеното месо е богато со холестерол и заситени масти.

“За да бидете безбедни, ограничете го внесот на посно црвено месо на помалку од 10 отсто од вашата исхрана. Истото важи и за свинското”, предупредува докторот.

Најголемата американска студија за црвено месо потврди дека луѓето кои јадат големи количини црвено месо имаат висок ризик од кардиоваскуларни болести и рак. Луѓето чија исхрана вклучува повеќе бело месо, како пилешко и риба, живеат поздрав и подолг живот.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago