Во недела на 9-ти април, Штрапаријада – натпревар на коњи, во село Сарај Општина Босилово
Во недела на 9-ти април во село Сарај Општина Босилово ќе се одржи една од најмасовните манифестации,
Штрапаријада, натпревар на коњи, со учество од околу 50-тина натпреварувачи од
цела Македонија. Организаторот на турнирот Џоко Мирчев -Џоканов најавува целодневен
спектакуларен настан со организирана Богата лотарија.
За сите присутни со влезница од 150 денари, следува бесплатен пијалок, а
истовремено станува потенцијален добитник на една од вредните награди: Ловечка
пушка во вредност од 40 илјади денари и друга ловечка опрема и опрема за коњи.
Штрапаријада е настан во кој коњите се
натпреваруваат во влечење трупци. Во Сарај ваков натпревар се одржува по трет пат и според органзиаторите има
голем интерес.
Турнирот ќе се одржи во недела со почеток од 11 часот во село Сарај, општина Босилово пред ресторанот „Golden Palace“. За сите љубители на овој спорт кои ќе присуствуваат, ќе има музика во живо со добра забава.
Коњите ќе бидат поделени во неколку
категории според тежината и големината на трупот, за победниците следуваат богати награди.
Сите кои ќе земат учество на турнирот со
свој коњ, потребно е да имаат документ од вага за тежината на самиот коњ.
Влезот на овој
турнир ќе изнесува 150
денари, а водител ќе биде Станислав Јакица.