Доенесени повеќе предлог одлуки на 27-та седница на Совет, верифициран мандат на нов советник
Советот на Општина Радовиш ја одржа 27 седница со дневен ред од 50 точки и надополнување на дневниот ред со уште 3 точки. По усвојувањето на дневниот ред на седницата како прва точка беше предвидена Советнички прашања при што беа поставени неколку прашања до градоначалникот Ацо Ристов. Потоа беше верифициран мандатот за нов член на советот на Општина Радовиш на Лујза Спасова, која доаѓа на местото на Весна Конзулова, која го напушти советничкото место поради вработување во Општина Радовиш.
Потоа беа изгласани Предлог заклучоците за усвојување на Полугодишните извештаи на Основните училишта во Општина Радовиш за 2022/2023 година и на ОНБ „Браќа Миладиновци“ за 2022 година. Усвоени беа и Предлог – Одлуките за годишните сметки за 2022 година на Основните училишта во Општина Радовиш, на СОУ „Коста Рацин“ на ЦК „Ацо караманов“ на ДГ „Ацо Караманов“ и на ОНБ „Браќа Миладиновци“.
На дневен ред беше и Предлог одлуката за додлеување на просторија за користиење во Дом на култура во село Ораовица, на Организација на жени „Женска акција“, Радовиш, како и доделување на просторија за користење во село Ињево на МЗ „Бобовец“.
Потоа следуваше усвојување на Финансиски извештај за работа и Годишната сметка за 2022 на ЈП Плаваја, Радовиш. Исто така беа усвоени и неколку Извештаи за ЈП Плаваја, како Извештај за реализација на програмата за одржување на гробишта во Радовиш, Раклиш, Ораовица и Подареш за 2022 година. Извештај за реализација на програмата за јавна чистота и одржување на паркови и други јавни површини во Општин Радовиш, како и годишен извештај за снабдување со вода за пиење и одржување на урбани отпадни води за 2022 година од ЈП Плаваја, Радовиш. Беше усовена и предлог – одлуката за управување и одржување на гробишта во Радовиш и наслените места Раклиш, Јаргулица и Покрајчево за 2023 година од страна на ЈП Плаваја.
Во продолжени беше изгласана и Предлог Одлуката за ко-финансирање на проект за изградба на атмосверска канализација на дел од улиците Плачковица, Питу Гули, Герас Цунев, Драмска, Илија Алексов и дел од уште неколку улици во УБ 1 и УБ 2.
Меѓу другот на седница беше изгласана и Предлог одлука за одобрување на склучување на Договор за одобрување на долгорочен кредит помеѓу Општина Радовиш и Комерцијална банка, за реализација на Капитален инвестиционен Проект ГРАДСКИ ПАЗАР, за што градоначалникот Ацо Ристов даде објаснување уште на почетокот на седницата одговарајќи на советничко прашање од советникот Панче Николов.