Радовиш

Економски дипломатски караван денеска во Радовиш, составен од амбасадори и конзули

Дваесетина амбасадори конзули  и нивни придружници од неколку земји од светот денеска беа во  посета на Радовиш, како дел од Економскиот дипломатски караван во Југоисточниот плански регион. Во Музејот на љубовта и уметноста на присутните гости, им беа презентирани потенцијалите на трите општини Радовиш, Конче и Василево.

Целта на караванот е да се презентираат и промовираат пред дипломаткиот кор, потенцијалите на сите 10 општини во ЈПР, домашните компании и можностите за инвестирање во Република Македонија. Свои презентации имаа и компаниите Млекара Ѓоргиеви и Винарија Кукутанов од Радовиш.

Во рамките на посетата беше  пизвршено и садење на дрвца во паркот кај Јаворот и презентација на проект Јавор и инфо табли кој е веќе завршен.

Исто така беше извршена и посета на црковниот Храм Света Троица во Радовиш. Дипломатски караван е во организација на Министерството за надворешни работи во соработка со Бирото за регионален развој и Центарот за развој на Југоисточниот плански регион. Дипломатскиот караван продолжи во Струмица, Дојран и Гевгелија.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago