Според
статистичките податоци, недостатокот на железо во организмот е проблем кој се
јавува кај дури 30-40% од населението на нашиот континент. Тоа може да биде
предизвикано од различни фактори, од навики во исхраната до хронични болести.
Железото е
многу важен минерал кој му е потребен на човечкото тело од многу причини.
– Железото е од
клучно значење, бидејќи е клучна компонента на црвените крвни зрнца и, ако има
малку железо во телото, капацитетот за пренос на кислород ќе се намали – вели
нутриционистката Јулијана Хевер.
Анемијата е
честа појава кај жените, особено за време на бременост и доење. Всушност, на
повеќето луѓе ширум светот им недостига, а тоа влијае на околу милијарда луѓе.
Жените на возраст од 19 до 50 години треба да консумираат 18 mg железо секој
ден, а на трудниците им е потребно двојно повеќе.
Симптоми кои
може да укажуваат на ниско ниво на железо во крвта: хроничен замор, постојано
чувство на студ, бледа кожа. главоболка, отежнато дишење, палпитации, сува коса
и кожа, кршливи нокти, немирни нозе.
Доколку
лекарите ве советувале дека треба да го зголемите нивото на железо во крвта,
ова е совршен пијалок за вас.
Компоненти:
Две средни
цвекло
Моркови
Помало јаболко
Лажица мед
Лажица исцеден
лимон
Подготовка:
Цвеклото
изблендирајте го и ставете го во сад. Потоа направете го истото со морковот и јаболкото.
Кога ќе ги испасирате сите состојки, соединете ги, па додадете една лажица мед
и сок од лимон. Сè добро измешајте, па ставете го во тегла или стаклен сад.
Се препорачува
да земате една до две лажици секој ден.