Симулациска вежба при пожар, рушевини и евакуација на лица од ООУ „Никола Карев“ во Радовиш
Сирените од противпожарните возила кои се слушаа денеска во Радовиш не беа поради предизвикан пожар, туку стануваше збор за организирана вежба во ООУ “Никола Карев“.
Територијална Противпожарна Единица (ТППЕ) во соработка со Црвен Крст- Радовиш и Итната медицинска помош при ЈЗУ,,Здравствен дом” Радовиш, изврши симулациска вежба пожар, рушевини од пожарот и евакуација на лица од централната зграда на ОУ „Никола Карев“. По звукот на сирените учениците за кратко време беа евакуирани од училиштето и построени во дворот за пребројување.
ТППЕ Радовиш изврши обука на
вработените и учениците со цел правилно да постапат во случај на вакви видови
опасности . Во вежбата беа вклучени околу 400 ученици, наставниците,
административно-педагошката служба и техничкиот персонал. Свој придонес дадоа и волонтерите од
Клуб на млади на ООЦрвен крст – Радовиш, преку симулирање на спасување и евакуација на
повредени лица заедно
со службата за Итната медицинска
помош.
Вежабата
е одржана на барање на училиштето а целта беше проверка на ефикасноста и функционалноста на
планот за заштита и спасување во училиштата, увежбување на истите и
отстранување на евентуалните недостатоци. Директорот на училиштето рече дека на
првиот наставнички совет ќе ја анализираат вежбата, сите мали недостатоци да ги
отстранат и при таква несакана ситуација да бидат подготвени. Истата генерално беше оценета како
успешна.
Симулациски вежби со утврдено сценарио, понатаму, ќе бидат спроведени и во подрачните училишта на ООУ,,Никола Карев” Радовиш во с.Бучим, с.Тополница и с. Прналија.