Заедничка активност на градинката и библиотеката во Радовиш по повод 1 – ви март доаѓањето на пролетта, со бел и црвен конец децата изработуваа мартинки
Општинската народна библиотека „Браќа Миладиновци“ Радовиш во соработка со ДГ „Ацо Караманов“ денеска
го прославија 1 –
ви март доаѓањето на пролетта и древната традиција на изработкаа, дарување и носење мартинки, која претставува
украс направен од конец во црвена и во бела боја.
Изработката и поклонувањето мартинки на најблиските е традиција која во Македонија се почитува со стотици години. На овој ден карактеристични црвени и бели висулци, топчиња и исплетени бразлетни познати како мартинки се разменуваат или се поклонуваат на најблиските.
Децата од градинката под водство на своите воспитувачки под мотото „Со бел и црвен конец сукаме мартинки“ изработија мартинки кои си ги подарија за среќа.
Мартинката, односно црвената и белата боја, ја симболизира желбата за добро здравје и воедно ја предвестува пролетта. Во едно верување црвената боја ја симболизира крвта, а белата боја чистотата, во друга, животот и неговото заминување од овој свет, потоа доброто и злото, како и среќата и тагата во животот на еден човек. Мартинките се симболот на Баба Марта, нам позната како предвесник на пролетта.
Може да се носи закачена за гардеробата или, пак, врзана околу
раката или вратот. Има повеќе верувања за нејзиното отстранување, едната е дека
кога ќе расцвета првото дрво треба да се одврзе и да се закачи на него, кај нас
велат дека кога ќе се здогледа првата ластовица се вади и веднаш се става под
првиот бел камен.
Покрај во Македонија, оваа традиција, исто така, се почитува и во Бугарија, Србија Молдавија и Романија.
Но кој е ставот на православната црква по овој обичај?
Носењето мартинка се смета за суеверен и магиски обичај, а со тоа и демонски обичај, затоа што луѓето што ги носат веруваат дека мартинките, откако ќе ги стават на себе на први март, не смеат да ги извадат сè до доаѓањето на пролетта и доаѓањето на ластовичките (или штрковите) и сè додека да расцути првото дрво. Потоа, според истото погрешно верување, мора да ги закачат на некое дрво и да си пожелаат добро здравје и среќа, со некаква вера дека желбите ќе им се исполнат. Вадењето на мартинката, пред време, се смета за несреќа и затоа луѓето ја чуваат со страв. Таквото верување нема никава врска со православната вера, туку е обично суеверие, е ставот на црквата.Исправно е да се носи на рака бројаничка, украсена со крвче, која ќе служи за молитва.