Здравје

„УБИЕЦ“ НА ЦЕЛУЛИТОТ: Анасонот е вистински дар од природата – лек за кашлица, бронхитис и астма, го олеснува варењето, го штити срцето и желудникот!

Иако многумина мислат дека е само зачин, анасонот поради својот состав има многу лековити својства.

Лековит дел од растението е плодот, односно зрелото семе кое содржи есенцијално и масно масло, протеини, јаглехидрати. Доминантна состојка на есенцијалното масло е трансанетолот, кој му дава специфична арома и сладок вкус. Има витамини А и Ц, фолна киселина, како и минерали калциум, магнезиум, фосфор, калиум.

Во кујната и за медицински цели се користат семки од анасон кои можат да бидат цели, дробени или мелени. Семето од анасон може да се комбинира со други чаеви за медицински цели или само за вкус, бидејќи есенцијалното масло од анасон често се додава во ликери. Џвакањето семе од анасон го спречува икањето.

Овој зачин се препорачува пред се за ослободување од киселини и мачнини, а делува и против надуеност, гасови и грчеви во стомакот. Го олеснува варењето на храната, особено ако се конзумира на крајот од оброкот. Анасонот е многу ефикасен и во исто време пријатен природен лек за кашлица, бронхитис и астма. Ова ароматично растение содржи помеѓу 80 и 90 проценти антол, супстанца која го олеснува дишењето и го поттикнува исфрлањето на слузта од белите дробови. Покрај ефектот врз органите за дишење, анасонот го олеснува варењето, ги отстранува гасовите и надуеноста. За да работи што подобро желудникот, варете една лажичка мелен анасон десет минути во два децилитри млеко. Кога ќе се олади, додадете една лажичка мед и пијте го неколку пати на ден.

Маслото од анасон поволно делува на органите за дишење, потенцијата, централниот нервен систем, ја ублажува несоницата, ја поттикнува циркулацијата, го зајакнува срцето и желудникот. Поволно делува и на женските хормони така што ја регулира нередовната менструација. Чајот од анасон ќе биде добар и за доилките бидејќи го поттикнува лачењето на млекото.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago