Правилниот
избор на храна може да го зачува здравјето на срцето, да обезбеди добро ниво на
холестерол и да ја одложи, па дури и да спречи хипертензија.
Диетата која го
радува кардиоваскуларниот систем на прво место подразбира умереност и
откажување од премногу масна, слатка и солена храна. Второто правило ве упатува
да не претерувате со јаглехидратите, односно со голема количина леб и пецива и
секојдневно да јадете овошје и зеленчук.
Кога
подготвувате месо, секогаш отстранувајте ги масните делови, ограничете ги
порциите размислувајќи за големината на желудникот и колку храна всушност може
да земе. Ако, сепак, ви е важно чинијата пред вас да биде голема и полна, тогаш
подобро е да е преполна со овошје и зеленчук со малку месо, риба или јаткасти
плодови. Така добивате волумен, а нема премногу калории.
Инаку, лошата
исхрана се смета за еден од главните ризик фактори за кардиоваскуларни болести,
ако не и водечки, а тоа барем секој може да го промени. Неправилната исхрана
најчесто доведува до дебелеење, што предизвикува развој на срцеви заболувања.
Исто така, она што го јадеме, или не го јадеме, може да влијае на нивото на
холестерол, крвниот притисок и шеќерот во крвта. Бидејќи ако прекршиме некој од
овие индикатори, тоа може да предизвика срцеви заболувања.
Еве еден
предлог од менито за загревање на срцето:
понеделник
Појадок: две
кришки ржан леб, две тврдо варени јајца и свеж црвен пипер
Ужина: 20 гр
темно чоколадо и грст ореви
Ручек: риба,
варени компири и салата од зелка
Вечера: пилешка
салата со рукола, пиперка, црвен кромид и целер, две кришки ржан леб
вторник
Појадок: овесна
каша со јогурт, десетина бадеми и банана
Ужина: малини
Ручек: филе
лосос со зеленчук и варен компир
Вечера: пилешко
филе на скара и 100 гр варен кафеав ориз, брокула на пареа зачинета со лук, сол
и маслиново масло
среда
Појадок: 100 гр
младо сирење, варено јајце, две кришки интегрален леб и свеж црвен пипер
Ужина: две
мандарини
Ручек: боранија
со пилешко
Вечера: лосос
со интегрален леб и салата од келераби
четврток
Појадок:
палента со сирење
Ужина: јаболко
Ручек: салата
од грав и зелка
Вечера: пилешко
на скара со салата од свежи краставици и јогурт, парче интегрален леб
петок
Појадок: две
тврдо варени јајца, шолја јогурт и две кришки интегрален леб
Ужина: банана
Ручек: слатка
зелка со пилешко и рен
Вечера: риба,
две кришки интегрален леб и салата од рендана зелка и моркови, зачинети по вкус