Гевгелија

Педесет и две социјални семејства од Гевгелија ќе добијат социјален стан

Од утре сите заинтересирани лица од Општина Гевгелија кои ги исполнуваат условите од јавниот повик што ќе биде објавен утре, ќе можат да аплицираат за социјален стан.

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, директорот на АД за стопанисување со станбен и деловен простор Зоран Ѓорѓијев, како претставници од Центарот за социјални работи од Гевгелија, денеска извршија увид во изградената зграда за социјално ранливи семејства во Гевгелија.

Јавниот повик ќе трае од 16 февруари до 20 март и на него може да аплицираат шест категории на граѓани и тоа: Деца без родители кои до својата 18-та година биле згрижени во институции за деца без родители, корисници на право на гарантирана минимална помош, лица погодени од елементарни – природни непогоди, лица со попреченост и семејства со лица со попреченост, лица припадници на Ромската заедница- социјално загрозени согласно Стратегијата за Ромите како и самохрани родители со малолетни деца.

 Изградбата е во вредност од 102 милиони денари.

„Колективната, станбена зграда во Гевгелија е со површина од приближно 2400 метри квадратни со четири катови и приземје.  На приземје има 4 стана наменети за инвалидизирани лица. На катовите има по 12 стана, односно зградата вкупно располага со 52 стана со површина од 35м2  до 49м2, 52 подрумски простории и 5 деловни простории. Во склоп на парцелата има и отворен паркинг простор со 22 паркинг места“, изјави Зоран Ѓорѓијев, директор на АД за стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Републиката.

Министерот Бочварски истакна дека во следниот период ќе се распределуваат социјалните згради во Демир Капија  а потоа и во  Неготино.   

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago