Македонија

Четворица нови министри и пет заменик-министри, предлага Ковачевски по преговорите за влез во Влада на Алијанса за Албанците

Собранието денеска ќе расправа за реконструкција на Владата по предлогот на премиерот Димитар Ковачевски. Нови кадровски решенија има за неколку министерства министерствата за правда, за здравство, за информатичко општество и администрација, каде што доаѓаат кадри од АА, и за животна средина и просторно планирање, каде што наместо ДУИ, ќе раководи СДСМ.
За нов министер во Министерството за правда е предложен Кренар Лога. За министер за здравство е предложен Фатмир Меџити. За министер за информатичко општество и администрација е предложен Азир Алиу. За министерка за животна средина и просторно планирање е предложена Каја Шукова.


Со реконструкцијата се опфатени и заменик-министри во пет министерства, за одбрана, за правда, за земјоделство, шумарство и водостопанство, за образование и наука и за здравство.
За заменик-министер во Министерството за одбрана е предложен Тирон Јајага од Алијанса за Албанците. За заменик-министерка за правда Викторија Аврамовска-Мадиќ од СДСМ. За заменик-министерка за здравство е предложена Маја Манолева. За заменик-министерка за земјоделство, шумарство и водостопанство е предложена Вјолца Бериша од Алијанса за Албанците. За заменик-министер во Министерството за образование и наука е предложен Агим Нихиу од ДУИ.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago