Николајчо Николов и годинава за својот роденден не ги заборави своите пријатели од ДЦ Порака од Радовиш
Традиција која трае 15 година продолжува и годинава. Корисниците на дневниот центар Порака од Радовиш и овој 10 февруари роденденот на нивниот пријател Николајчо Николов го прославија со ручек во ресторан Амбасадор во Радовиш. Од девниот центар Порака се благодарни за овој хуман гест и со задоволство ја прифатија поканата, но и возвратија со подарок специјално подготвен за Николајчо и неговата сопруга.
Николов вели дека веќе 15 години го прославува својот роденден со корисниците од Порака. Традицијата започнала уште кога бил заменик генерален директор на Рудникот Бучим. Кога со свои колеги го посетувале дневниот центар Порака за да им помогнат и да донираат средства или опрема за опремување на дневниот центар, како општествено одговорна компанија, тој ги засакал корисниците и сватил дека за да бидат среќни им треба само мало внимание. И тогаш решил својот роденден да го прославува заедно со нив, но и да им подари по 1000 денари за да си купат нешто, на што вистински се израдувале бидејќи тоа било само нивна паричка.
Иако е веќе во пензија, Николов сепак не ги заборава своите пријатели од Порака и повторно својот роденден го прослави најпрво со нив, со ручек во ресторан и роденденска торта. Тој и годинава и подари паричка за тие да си купат што сакаат и да се сеќаваат на неговиот родеден.
Николов е добар пример за многумина, наместо богати роденденски забави да им пружат радост на овие лица кои знаат да се радуваат и да ги почувствуваат убавините на животот, но знаат и да се зблагодарат за обично парче роденденска торта. Тие беа среќни што денеска се излезени во ресторан на ручек и му подарија честитка на својот пријател, изработена на обичен лист хартија но со силна порака, му посакаа да живее до 100 години.