За медицинска помош во Турција, се пријавиле околу 150 здравствени работници на јавниот повик на министерот Сали
Министерот за здравство Беким Сали денеска во изјава за медиумите кажа дека на јавниот повик што го објави Министерството за здравствени лица кои би се упатиле кон погодените места во Турција од земјотресот до синоќа се пријавиле 150 доброволци.
Министерот рече дека до 12 часот денеска ќе го имаат прелиминарниот список на доброволци што ќе го понудат во Центарот за управување со кризи, а потоа преку НАТО комуникација со турските власти ќе ги информираат за човечките и материјалните ресурси кои ги имаме на располагање.
„Ве повикувам сите кои сте подготвени
да учествувате во тековните хуманитарни активности во Република Туркије по
разорниот земјотрес. Вашето знаење и искуство во областа на медицината се
непроценливи, а секоја помош во вакви случаи е добредојдена.
Доколку сте заинтересирани да
учествувате, пополнете го формуларот на линкот подолу, а ние ќе обезбедиме
дополнителна логистика.
Ве повикувам да ни се придружите и да
ја покажеме нашата солидарност и знаење со цел да им помогнеме на тие на кои им
е навистина потребно“, стои во Јавниот повик од Министерот Сали.
Здравствените работници
од Македонија покажале голема хуманост.
Министерот за здравство
Беким Сали изјави дека до 12 часот денеска ќе го имаат прелиминарниот список на
доброволци, што ќе биде доставен во Центарот за управување со кризи.