Радовиш

Општина Радовиш организира јавна трибина, граѓаните беа информирани околу солидарниот фонд за погребални услуги и комуналната такса

Проблемот околу погребалните услуги во Радовиш се уште актуелен.

Општина Радовиш за денеска организира јавна трибина, во Центарот за култура Ацо Караманов, на која граѓаните од градот и населените места во општина Радовиш имаа можност директно од градоначалникот Ацо Ристов да дознаат повеќе информации во однос на оваа проблематика, притоа дискутирајќи за поедини прашања поврзани со солидарниот фонд.

Градоначалникот Ацо Ристов на присутните граѓани од месните и урбаните заедници, им појасни дека се предлага солидарниот фонд да остане да финкционира и на граѓаните да им се наплаќа по 90 денари на сметките од ЈП Плаваја, како и по 50 денари за управување и одржување на гробишта.

 За предлог одлуката за солидарен фонд да биде официјално донесена, ќе се одржи итна седница  на Советот на Општина Радовиш, која најверојатно ќе се одржи во понеделник.

Присутните граѓани поставува прашања за се она што ги интересираше, но речиси сите беа согласни, солидарниот фонд да продолжи да функционира.

Градоначалникот Ристов рече дека веќе имало заинтересирани и други фирми да ја вршат оваа услуга, што најверојатно конкуренцијата ќе доведе до намалување на цените.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago