Бројот на регистрирани нови автомобили во Европската унија минатата година беше најмал во последните три децении. Бројот на регистрирани нови автомобили во Европската унија минатата година беше најмал во последните три децении, и покрај скокот на продажбата во декември на германскиот и италијанскиот пазар. Податоците беа објавени во средата од Европската асоцијација на производители на автомобили.
Минатата година беа регистрирани 9,26 милиони патнички автомобили, што е за 4,6 отсто помалку од веќе слабата 2021 година и помалку од кога било од 1993 година. Бројките беа малку подобри во декември, кога продажбата скокна за 12,8 отсто, на речиси 897.000 автомобили, пишува dpa. Во Германија, продажбата скокна во декември пред укинувањето на државните субвенции за купување хибридни возила, како и намалувањето на премиите за е-автомобилите од 1 јануари. Меѓу најголемите пазари во ЕУ, бројот на регистрации се зголемил само во Германија, но за само 1,1 отсто, додека Италија и Шпанија забележале намалување од 9,7 и 5,4 отсто, соодветно.
Европските
производители на автомобили се пожалија, пред сè, на недостиг на делови,
вклучително и чипови.
Лидер на
пазарот во ЕУ и понатаму е марката Фолксваген, со нешто повеќе од милион
продадени автомобили.
Со околу 2,3
милиони продадени возила, групацијата Volkswagen како целина беше пред
Stellantis, групацијата која ги вклучува Peugeot, Citroen, Fiat и Opel, со 1,8
милиони.
На третото
место е групата Renault, со нешто помалку од 985.000.
БМВ, заедно со
останатите марки што ги поседува, забележа 624.940 нови регистрации во ЕУ, а
Мерцедес 549.023.