Аko сакате да спречите хипертензија, да го намалите нивото на лошиот холестерол (ЛДЛ) и триглицеридите, јадете една шака ореви дневно.
Освен тоа,
истражувањата покажаа дека оревите го намалуваат воспалението во организмот и
на тој начин ги ублажуваат симптомите на хроничните болести како што се
дијабетес, артритис и кардиоваскуларни проблеми.
Причината зошто
оревите се здрави се масните киселини што ги содржат. Патем, сите јаткасти
плодови се сметаат за исклучително здрави кога се консумираат во умерени количини,
но оревите се сметаат за особено здрави поради составот и комбинацијата на
масни киселини.
Во споредба со
другите јаткасти плодови, оревите содржат најголема количина на омега-3 масни
киселини.
Само 30 g ореви
содржат 2,5 грама алфа-линолеинска киселина (ALA), полинезаситени масти кои се
неопходни во исхраната. Оревите содржат и антиоксиданси, молекули способни да
ја забават или спречат оксидацијата, што ги штити клетките од оштетување
предизвикано од стареењето.
Влакната, кои
ги има во изобилство во оревите, придонесуваат за долго чувство на ситост, што
спречува прејадување и зголемување на телесната тежина.
Спроведените
бројни студии, со цел да се испитаат здравствените придобивки што ги имаат
оревите за човечкото тело, покажаа дека количината од шест до седум ореви
(околу 30 g) е оптималната количина што треба да се јаде во еден ден. .
Чајот од
мембрана ја намалува температурата
ЧАЈОТ направен
од мембраните кои го одвојуваат месестиот дел од оревот, се покажа како многу
ефикасен за прочистување на срцевите артерии, за спречување на срцеви
заболувања и за намалување на високата телесна температура. Навечер натопете
четири до пет мембрани во вода, а наутро направете чај од нив. Пијте чај на
празен стомак. Најдобро би било да го пиете секој ден, бидејќи го регулира
крвниот притисок и ја ублажува болката во градите.