Свет

ИРОНИЈА: Министерот носи часовник од 10.000 евра. А им вели на просветните работници дека зголемувањето на платата е нереално!

БРИТАНСКАТА министерка за образование Џилијан Киган изјави дека е „економски неодржливо“ да се исполнат барањата на синдикатите на наставниците кои штрајкуваат, а истовремено е на удар на критиките за скапиот часовник што го носи.

Едно од десет училишта во Англија во моментов ја прекина наставата поради штрајкот на наставниците кои бараат повисоки плати.

Настапувајќи во телевизиско шоу, таа рече дека е „многу разочарувачки“ што наставниците штрајкуваат поради платата, а многу гледачи забележале дека министерот носи часовник „Ролекс“ од 11.000 евра.

Корисниците на Твитер го препознаа часовникот како Rolex Lady со две нијанси на злато и челик, како и дијамантска рака и типична Rolex нараквица.

Министерката и претходно беше критикувана дека носи скап часовник, а од друга страна барањата на наставниците за зголемување на платите ги нарекува нереални, пишува Мирор.

– Можеби не требаше да работам и да заработувам. Не знам. Ова е како изопачен снобизам – рече таа претходно отфрлајќи ги таквите обвинувања.

Министерот најави продолжување на разговорите со синдикатите за платите, работните обврски, вработувањето и други теми.

– Затворањето на едно училиште е премногу и многу е разочарувачки што Синдикатот продолжи со овие нарушувачки акции, но многу наставници, професори и помошни кадри покажаа дека образованието на нивните деца секогаш им е на прво место – изјави таа.

Од друга страна, просветните синдикати најавија дека немаат друг избор освен да го продолжат штрајкот по неуспехот на разговорите со министерот.

Критичарите ги обвинуваат богатите членови на кабинетот дека не ги чувствуваат семејствата кои се борат да врзат крај со крај.

Генералниот секретар на TUC, Пол Новак, рече дека кабинетот полн со милионери не може да разбере што се случува во јавниот сектор и со какви притисоци се соочуваат вработените во јавниот сервис.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago