Интервју со Леон Фенов, млад радовишанец кој веќе го има новиот „ХИТ“
Последниот спот на младиот радовишанец Леон Фенов е на добар пат да стане хит како што е и насловот на песната „ХИТ“. Само за два дена спотот има голема гледаност и го привлече вниманието на јавноста, посебно кај младите.
Mediapress.mk направи едно кратко интервју со Леон, за подобро да го запознаеме.
Леон, деновиве се појави твојот спот „ ХИТ“ кој го привлече нашето внимание. Дали ова е твој прв спот и од кога се занимаваш со музика?
-Ова е мој втор спот или видео запис. Првиот спот мие во соработка со Loyal, песната е насловена „Инквинзиција“ и е извадена пред една година. Loyal е артист од групата Тврда Основа исто така од Радовиш. А за песната ХИТ можам да кажам дека ми е прв соло спот. Инаку со музика се занимавам од 2013 година.
Кој се ти помогна да го реализираш овој спот, или работиш самостално?
-За песната ХИТ за видео и аудио се вклучени повеќе личности, како видео – Сашко Петров, аудио, мих мастер – Vlado yo, снимена во Euphoria record, и голема поддршка од Мирче Василев од Аdrenalin muay thai club. Текст – Леон Фенов (Leon DTN).
Што те инспирира да го направиш овој спот и кој го пишуваше текстот за
песната?
-Инспирација за спотот ми беше да и дадам
поголемо значење на песната и да инспирирам други млади деца на локално ниво,
бидејќи реално во последно време се помалки креативци гледам. Текстот на
песната е лично мој, како и за сите досегашни мои песни
Кој е Леон Фенов, (кратка биографија)
колку години имаш со што се занимаваш и дали со музика се занимаваш
професионално?
-Имам 25 години и живеам
во Радовиш. Со музика се занимавам од љубов и со секој следен проект гледам да
звучам што по професионално. Освен пишување на текстови (рапување) исто така се
занимавам и со dj-stvo.
Твојот стил е рап музика, колку е тешко да се изведува и дали има иднина
рапувањето?
-Јас би рекол дека не е тешко, кога се
работи од душа и со многу љубов. Благодарение на социјалните мрежи на
денешницата е многу полесно издавањето и слично, за разлика од почетоците пред
неколку години.
Морам да изразам и една
голема благодарност до групата Tvrda Osnova до Loyal i detal, кои ме
поддржуваат од моите почетоци.
Каде се гледаш во иднина? Те привлекува животот во странство како што повеќето од младите направија односно заминаа од нашата држава.
-Не ме привлекува животот во странство барем засега, си ја сакам државата си го сакам градот, ја сакам музиката.