Австрија
прогласи четворица руски дипломати акредитирани на територијата на републиката
за персона нон грата, објави австриското Министерство за надворешни работи на
Твитер.
Според
медиумите, двајца од четворицата дипломати се членови на постојаната мисија во
Обединетите нации во Виена, додека двајца се вработени во руската амбасада.
„Двајца
дипломати извршиле дејствија кои не се во согласност со нивниот дипломатски
статус и поради тоа се прогласени за непожелни лица согласно член 9 од
Виенската конвенција за дипломатски односи. Двајца други дипломати, членови на
постојаното претставништво на Русија во ОН, презеле дејствија што не одговараат
на Договорот за седиштето. Затоа е побарано од нив да ја напуштат територијата
на Австрија“, се вели во соопштението на Министерството.
Според
најавата, руските дипломати треба да ја напуштат Австрија најдоцна до 8
февруари.
Во април
минатата година, Министерството за надворешни работи на Австрија прогласи
тројца руски дипломати во Виена и еден вработен во генералниот конзулат во
Салцбург за персона нон грата, кои требаше да ја напуштат територијата на
Австрија до крајот на денот на 12 април. . Според зборовите на рускиот
амбасадор во Австрија, Дмитри Љубински, МНР на Австрија не обезбедило докази за
незаконски активности на руски дипломати, кои поради тоа биле прогласени за
непожелни лица.
Москва реагираше
Руското
Министерство за надворешни работи соопшти дека Москва ќе одговори на одлуката
на Австрија.
Ќе одговориме
на адекватен начин“, велат од Министерството.
По
започнувањето на руската специјална воена операција во Украина, голем број
земји протераа руски дипломати. Меѓу нив се: балтичките земји, Словенија,
Германија, Франција, Италија, Шпанија, Шведска, Данска и Романија. Претходно
Европската унија објави дека прогласува 19 вработени во постојаното
претставништво на Русија во ЕУ за персона нон грата. Од своја страна, Москва
вети соодветен одговор.