Здравје

Работи кои не треба да ги чувате во спалната соба: Според филозофијата на ФЕНГ ШУИ, тие можат да ви донесат несоница и лошо расположение!

Спалната соба треба да претставува оаза на мирот и спокојството – место каде ќе се одморите и физички и психички и ќе ја обновите енергијата и затоа мора да биде соодветно уредена, истакнуваат експертите за фенг шуи. Според ова правило, некои работи се апсолутен вишок во спалната соба – можат да го нарушат енергетскиот баланс и лошо да влијаат на вашата психичка состојба, расположение и квалитетен одмор и сон.

Премногу зеленило

Иако живите растенија се многу пожелни во просторот за живеење, вклучително и во спалната соба, не треба да претерувате, бидејќи фенг шуи пропагира дека растенијата можат да испуштаат одредени фреквенции на енергија што може да го нарушат вашиот сон. Препорачуваме една, максимум две растенија во просторијата каде што спиете.

Непријатни и силни мириси

Местото каде што спиете мора на некој начин да биде изолирано од мириси, како што се мириси на влага, мириси од кујна или хемикалии за чистење на куќата, па дури и силни парфеми. Се предлага спалната соба да се држи затворена при чистење на остатокот од станот со агресивни средства и добро да се проветрува пред спиење, а потоа да се запали ароматична свеќа со пријатен мирис.

Премногу работи во спалната соба

Според советите на експертите за фенг шуи, спалната соба НИКОГАШ не треба да биде преполна со работи и мебел. Вишокот на работи одзема енергија – и на физички и на емоционален план и создава чувство на вознемиреност, а често може да се случи чувството на осаменост и меланхолија да се појави пред спиење. Значи, вашата спална соба треба да биде минималистичка, со што помалку детали и ситници или непотребни парчиња мебел што ги чувате таму само за декорација.

Складирање под креветот

Просторот под креветот е погодно место за многу луѓе да складираат вишок работи, но во никој случај не е добра работа. Еден куп работи под местото каде што спиеме испушта многу лоша енергија и може да влијае на лошиот квалитет и лошиот сон, а може да предизвика и предвремено будење и лоши соништа. Совет е, ако не можете да се ослободите од дополнителните работи, дефинитивно најдете ново место за нивно складирање.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

2 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago