Радовиш

Консултативен состанок со претставници од месните и урбаните заедници во Општина Радовиш, се бара решение околу погребалните услуги

По рекацијата на јавноста околу состојбата со гробиштата и погребалните услуги  во Општина Радовиш, Градоначалникот Ацо Ристов заедно со директорот на ЈП Плаваја организираа консултативен состанок со претставници од месните и урбаните заедници во Општина Радовиш.

Градоначалникот Ристов им образложи на присутните дека од 1994 година бил воведен солидарен фонд  за кој граѓаните плаќале по 90 денари на сметките од ЈП Плаваја за извршување на погребални услуги и управување со гробишта и тој функционирал се досега.

 Но со новите законски измени од 2008 година на ЈП Плаваја им се одземаат надлежностите за погребални услуги и тоа треба да го прави фирма си лиценца за такви услуги.  ЈП Плаваја можела да ги врши погребалните услуги се до избор на оператор за таа намена.

Градоначалникот Ристов рече дека Oдлука за солидарен фонд донеле граѓаните и само тие можат да ја укинат и затоа таа уште е во сила. Тој рече дека ако е потребно ќе се формира и претпријатие кое ќе биде исклучиво само за погребални услуги и ќе работи без профит, со цел да се постигнат најниските можни цени за погреб, се во интерес на граѓаните.

Во делот на законските нормативи околу  Законот за гробишта и погребални услуги образложение даде директот на ЈП Плаваја Дејан Крстев, појаснувајќи и за самиот солидарен фонд како функционирал досега.

Инаку околу 3800 граѓани месечно плаќале свој придонес во солидарниот фонд и со тие средства донекаде се покривале трошоците за околу 20 погреби месечно, а некогаш и недостигале, појасни Крстев.

Присутнита имаа одредени предлози, но крајна одлука не беше донесена, со цел тие да се консултираат со граѓаните кои што ги претставуваат, а на следниот состанок ќе се донесе одлука.

Повеќето се сложија со предлогот солидарниот фонд да продолжи, со цел граѓаните да не се соочуваат со преголеми трошоци во моментот кога треба да се изврши погреб. Конечна одлука ќе се донесе на следниот сотанок кој ќе се одржи во среда, а дотогаш ќе продолжат консултациите со цел да се изнајде најдоброто решение.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago