Радовиш

Д-р Александра Дединец од ФИНКИ: Со подемот на вештачката интелигенција ќе се изгубат одредени работни места, но и ќе се креираат нови

Кај одредени луѓе креативноста нема да се разбуди со постојано користење на ваквите системи, но секогаш има две страни на приказната. Јас лично сметам дека ваквите системи ќе им бидат од помош на луѓето и ќе ги поттикнат поиновативно, понапредно да размислуваат, вели д-р Александра Дединец за fakulteti.mk, (инаку радовишка снаа).

Дел стравуваат од неа, а дел го чекаат нејзиниот развој со раширени раце. Вештачката интелигенција или AI (ВИ) е тема на дебата веќе неколку години наназад. Поради молскавичниот развој на компјутерската технологија, сѐ почесто се зборува за нејзина примена во повеќе области на живеењето, па дури и во такви каде што човечката креативност е навидум неприкосновена.

Вештачката интелигенција е научна област која се стреми да им ја пренесе човечката интелигенција на компјутерите. Тоа вклучува различни аспекти од човечката интелигенција, како што се способноста за учење, решавање проблеми, донесување одлуки, играње игри, преку препознавање и разбирање на аудио и визуелниот свет. Вештачката интелигенција е во тесна врска со многу други области што се занимаваат со решавање на поединечните проблеми, како што се машинското учење, компјутерската визија, роботиката, науката за податоци итн.

За полесно да ја разбереме вештачката интелегенција, побаравме мислење од Александра Дединец, која работи како доцент на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство. Таа докторирала на ФИНКИ во 2017 година на тема „Моделирање на паметни енергетски мрежи“. Нејзината истражувачка област е поврзана со машинско учење, вештачка интелигенција, моделирање на паметни мрежи, мрежна автоматизација и моделирање и развој на апликации за енергетски системи.

– Се согласувам дека кај одредени луѓе креативноста нема да се разбуди со постојано користење на ваквите системи, но секогаш има две страни на приказната. Јас лично сметам дека ваквите системи ќе им бидат од помош на луѓето и ќе ги поттикнат поиновативно, понапредно да размислуваат, полесно и побрзо да создадат крајни продукти бидејќи информациите им се лесно достапни. Сепак, на крај е човекот кој треба да оцени дали одговорот што го добил е соодветен и може да го искористи, приспособи и подобри – објаснува Александра.

Повеќе за ова на: https://www.fakulteti.mk/news/24012023/d-r-aleksandra-dedinec-od-finki-so-podemot-na-veshtachkata-inteligencija-kje-se-izgubat-odredeni-rabotni-mesta-no-i-kje-se-kreiraat-novi-poinovativni-i-poplateni?fbclid=IwAR2ufe1AdY-ffFz8X__26prGU4hOawqoDMWhLkRvQ4OB6onYS2uzzf84800

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago