Македонија

Доделени решенија на 34 општини за изградба на пристапни патишта до земјоделско земјиште

Доделени решенија за изградба на инфраструктура за пристап до земјоделско земјиште, на 34 општини од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2022 година од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Решенијата им беа врачени на претставниците на општините од страна на министерот Љупчо Николовски.

Мерката 124 од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2022 година, е наменета за општините на целата територија на државата, што придонесува за рамномерен регионален развој. Финансиската поддршка е во висина од 100% од вредноста на одобрените прифатливи трошоци на инвестицијата, а се исплаќа по целосното завршување на инвестицијата од страна на корисникот. Максималната вредност на прифатливи трошоци по корисник изнесува 1 милион денари.

Со финансиска поддршка од Министерството, преку оваа програма, 34 општини ќе инвестираат во инфраструктурни проекти за пробивање и тампонирање на локални пристапни патишта, во вкупна должина од околу 19.000 метри, со кои на земјоделците ќе им се овозможи полесен пристап до нивните ниви, односно до обработливо земјоделско земјиште.

„Вкупната вредност на одобрените договори е 33 милиони денари што претставува зголемување за повеќе од двојно, споредено со последниот повик во 2018 година кога беа доделени решенија на 20 општини со вкупна вредност од 16.3 милиони денари. Дополнително преку Програмата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за капитални субвенции, за поддршка на Центрите за развој на плански региони, за последниве пет години  инвестирани се вкупно 77 милиони денари за изградба на 78 локални патишта низ целата држава.Или вкупно преку двете програми, досега си инвестирани 126.3 милиони денари за изградба на вкупно 132 локални патишта за пристап до земјоделски површини. И така треба да биде и во иднина. Наша обврска е да создаваме услови за работа, да можат земјоделците полесно да пристапуваат до нивите и полесно да ги извршуваат секојдневните активности на производствените процеси“ изјави министерот Николовски.

На настанот, министерот Николовски ги потсети претставниците на општините дека Министерството преку „Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој“, ги поддржува општините и со други мерки кои го подобруваат животот во руралните средини преку мерките 321,322 и 323.

„Преку мерката 321 „Подобрување на квалитетот на живото во руралните средини“, даваме поддршка на општините за изградба на локална инфраструктура, патишта, мостови, преку кои се поврзуваат две или повеќе населени места во руралните средини во должина до 5 километри. Инвестиции во изградба на локална инфраструктура за поврзување на села со регионален пат во должина до 7 километри. Поддршка за изградба на водоводни и канализациони системи во селтата до 1500 жители, изградба на телекомуникациска инфраструктура, пазари, како и објекти за детски, младински или пензионерски културни центри или клубови во населени руралните средини.

Мерката 322 „Обнова и развој на селата“ дава поддршка на општините при изработка на урбанистичка документација за руралните средини. Потоа инвестиции во изградба или реконструкција на плоштади, шеталишта, зелени јавни површини во рурални средини до 30.000 жители и инвестиции за изградба или реконструкција на селски улици.

Со мерката 323 „Зачувување и унапредување на традиционалните вредности во руралните подрачја“ ги поддржуваме општините во инвестиции за изградба на локална инфраструктура за поврзување на населените места од руралните подрачја со локалитети од посебно значење за жителите во должина од 2 километри. Даваме поддршка во зачувувањето на културните и природни знаменитости со цел поддршка на руралниот туризам и одбележување и унапредување на планинарски и велосипедски патеки“ изјави Николовски.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago