Економија

Поскапување на бензините и на дизелот од полноќ за 2,5 и за 2 денари по литар

Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,90 % во однос на одлуката од 16.1.2023 година. Малопродажните цени на бензините од 95 и од 98 октани од утре ќе се зголемат за 2,5 денари за литар, додека малопродажната цена на дизелот и на нафтата за домаќинствата ќе поскапи за 2 денара по литар. Поскапува и мазутот, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Според одлуката, се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,9 отсто.

Така, по полноќ максималните цени на нафтените деривати во малопродажбата ќе изнесуваат:

Моторен бензин Еуросупер БС 95 – 82,50 (денари/литар)
Моторен бензин Еуросупер БС 98 – 85,00 (денари/литар)
Дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V) -83,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) -83,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС -40,814 (денари/килограм)

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 7,084 отсто, кај дизелот за 4,546, кај екстра лесното масло за 4,351 и кај мазутот за 5,491 отсто.

Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка, пак, е понизок за 0,777 отсто.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago