Македонија

Тренчевска: Договори на определено време до две години, воведување на мајчинско отсуство, дел од новиот ЗРО

Нацрт законот за работни односи и новиот систем на плати според министерката  за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, ги унапредуваат работничките права.

Таа во ТВ гостување, ги оцени како спинови и невистини реакциите за овие два нацрт-закона, дека се кратат работничките права. Притоа потенцираше дека во работната група за креирање на ова законско решение учествувале и претставници на синдикатите и на работодавачите, со цел низ дискусија се создаде најдоброто законско решение. Намалување на  времетраењето на договорите на определено време од сегашните пет на две години, воведување на работа од дома и работа од далечина е дел од новините на нацрт законот за работни односи.

„Работник кај ист работодавач нема да  може повеќе од три пати да склучува анекс на договорот во период од две години што значи дека нема да потпишува секој месец,“ појасни Тренчевска.

Тренчевска посочи дека по истекот на две години кај ист работодавач, договорот на определено време ќе треба да се трансформира во неопределено, доколку работодавачот планира да го задржи вработениот.

Министерката информираше дека, се воведува работа од дома и работа од далечина, а новина е и тоа што е тргната горната граница во времетраењето на годишниот одмор што ќе ја утврдуваат заедно синдикатот и работодавачот преку колективно преговарање. Придобивка, според Тренчевска, е и тоа што се воведува обврска на работодавачот доколку му е прекинат договорот за работа на работникот, да му биде исплатен годишниот одмор.

Тренчевска истакна дека со нацрт-законот за систем на плати се унифицираат платите за исти работни места во сите институции да има иста плата. Притоа ќе се дефинира највисока плата во секоја дејност. И како што посочи, во основната плата ќе влегува и минатиот труд.

„За овие  нацрт закони, ќе се организираат јавни дебати и секое оставање на можност за различна интерпретација ќе биде дел од јавни дебати“, рече Тренчевска, додавајќи дека очекува до средината на февруари да се соберат сите забелешки по овие закони.

Тренчевска не се согласува со оценките на синдикатите дека се суспендира колективното договарање. Колективните договори ќе важат две години и плус една откако ќе истече овој период. За целиот период од три години страните треба да бидат во постојан дијалог и на овој начин колективното договарање останува живо. Во однос на новините во породилното отсуство, Тренчевска повтори дека не се крати ништо од сегашните права.

„Не се крати сегашното породилно отсуство од девет месеци, туку му се дава можност и на таткото да се вклучи во грижата на своето дете. Се предвидува мајчинско отсуство од пет месеци во првите месеци од раѓањето на детето, понатаму четири месеци родителско отсуство за мајката и четири месеци родителско отсуство за таткото кои можат да ги користат наизменично или заедно,“ рече Тренчевска.

Министерката појасни и дека предвидени се и 15 дена татковство, односно од првиот ден на раѓање 15 дена доколку се роди едно дете, а за близнаци или повеќе деца татковство од 20 дена. Дополнително, имаат право и на неплатено отсуство за двајцата родители во траење од два месеци кои можат да го користат до осумгодишна возраст на детето. 

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago