Општина Радовиш заедно со православната црква од Радовиш и годинава дел од организацијата за празникот Богојавление
Општина Радовиш и годинава ќе биде дел од организацијата на Традиционалното фрлање на Светиот крст во Радовиш кое ќе се изврши во базенот „Шампион“.
Традиционалното фрлање на Светиот крст во Радовиш за големиот христијанскиот празник Богојавление – Водици и годинава ќе биде извршено во малиот базен Шампион.
Како што информираат од Православната црква од Радовиш на 19 јануари во четврток во двете цркви Свети Пророк Илија и Света Троица, ќе се одржи Света Богослужба со почеток во 07:30 часот. Во 10 часот ќе биде извршено лицитација на Светиот крст.
Во 10:15 часот тргнување на литијата на чело со свештениците и верниците кои ќе присуствуваат на Светата Литургија, од црквата Свети Пророк Илија, која ќе се спои со верниците од црквата Света Троица, ќе се оди до базенот Шампион. Во 10,45 ќе се освети водата во Базенот по што ќе биде ставен Светиот крст во осветените води по кој ќе се фрлаат веќе подготвените и пријавени лица за да го фатат крстот. За оној кој ќе го фати Светиот крст ќе има пригодни подароци од Општина Радовиш, од црквата и од овогодишниот кум Зоран Мицев, кој активно е вклучен во денешните подготовки.
Сите оние кои ќе влезат во базентот за фаќање на чесниот крст до денска 18 јануари да извадат здравствена потврда од матичен лекар и да се пријават во црквата Св. Троица.