Информацијата која постепено се шири во јавноста по известувањето од страна на ЈП Плаваја, Радовиш, дека погребалните услуги отсега ќе ги врши фирма-оператор, почнува да ги загрижува граѓаните, посебно оние кои веќе се соочиле со користење на услугата за погребалната услуга на приватниот оператор, за која издовиле околу 18.000 денари.
Но отворено засега реагираат на оваа новина, само граѓаните од Ораовица бидејќи и тие се опфатени со оваа услуга како и граѓаните од Раклиш и од Подареш.
Токму затоа претседателот на месната заедница Изведен од Ораовица, излезе со отворен повик до сите заинтересирани да присуствуваат на СОСТАНОК ВЕЧЕРВА СО СОПСТВЕНИКОТ НА ОПЕРАТОРОТ.
„Почитувани сега е моментот потоа да не се правеме паметни вака требa, јас мислам вака. Затоа почитувани граѓани на село ОРАОВИЦА во врска со негодувањето околу цената на погребалните услуги како Претседател на МЗ Изведен ве повикувам на ден 17.01.2023 година со почеток во 19:00 часот на селска конференција во салата на ФА.КИТКА. Присутен ќе биде сопственикот односно вршителот на погребалните услуги ќе биде присутен и преставник на ЈП Плаваја“, стои во објавата.
Инаку со известување за оваа нова услуга и нова давачка за граѓаните, пред неколку дена излезе и ЈП Плаваја, која отсега ќе ја врши само дејноста управување со гробишта, а не и погребални услуги.
„Врз основа на член 4 и член 18 став 4 од Законот за гробишта и погребални услуги, ЈП Плаваја Радовиш на ден 03.01.2023 година по поднесено барање склучи Договор со оператор на погребални услуги ДПТУ ,,МИРЕН СОН ДВА БРАТА Б-Т,, ДООЕЛ од Штип.
Согласно одредбите од Законот за
гробишта и погребални услуги и донесените одлуки од страна на Советот на
општина Радовиш – ЈП Плаваја Радовиш е управител на гробишта и тоа на
гробиштата во град Радовиш и населените места Раклиш, Ораовица и Подареш и ќе
ја врши дејноста управување со гробишта.
Со склучувањето на Договорот, а согласно законските одредби погребалните услуги ќе ги врши Операторот на погребални услуги ДПТУ ,,МИРЕН СОН ДВА БРАТА Б-Т,, ДООЕЛ од Штип и граѓаните ќе треба за овие услуги да се обраќаат до него на тел.бр. 075 264 160“ стои во известувањето од ЈП Плаваја, Радовиш.
За тоа колку ќе чини еден погреб отсега, вклучувајќи сандак, превоз, венец, крст и копање на гроб, од операторот дознаваме дека цената за основниот пакет ќе изнасува од 15.000 до 18.000 денари, во зависност дали е погребот во градот или во село. Цената може да биде и повисока, доколку се бара поскап сандак.
Инаку Согласно законот, до ЈП Плаваја во Радовиш можат да поднесат барање и други лиценцирани оператори за вршење на погребални услуги, за што ЈП Плаваја ќе треба да склучи договор и со нив. Согласно законот од 2010 година на ЈП Плаваја и се одземени погребалните услуги и истите можела да ги врши се додека не се пријави ОПЕРАТОР да ги врши погребалните услуги, каков што е случајот со формата од Штип.
Досега погребалните услуги во Радовиш ги вршеше ЈП Плаваја, за што граѓаните плаќаа по 90 денари месечно за солидарен фонд, со што ги следуваше и едно гребно место доколку немаат сопствен гроб. Со новите измени за нов гроб ќе треба да се плати на ЈП Плаваја 10.400 денари и по 120 денари месечно за управување, односно одржување на гробишта.