Донесен Буџетот на Општина Радовиш за 2023 година на денешната седница на Совет
Советот на општина Радовиш со 12 гласа „ЗА“, 4 „против“ и 2 „воздржани“ го донесоа Буџетот на Општина Радовиш за 2023 година, за кој градоначалникот Ацо Ристов вели дека е реален и развоен.
Денешната 23 седница беше со Дневен ред од 9 точки, но најголем интерес предизвика првата точка Советнички прашања. Беа поставени неколку советнички прашања од советниците од СДСМ. Советникот Панче Николов повторно го постави прашањето за реалзиација на Буџетот и за реализирани проекти во неколку населените места, на што градоначалникот Ристов му одговори дека имал отчет на телевизија и дека емисијата е јавно објавена за да можат сите да ја видат. Исто така тој рече доколку е потребно и ќе им достави и писмено одговор. Советникот Дејан Вучковски постави неколку прашања со детални образложенија, како што беше и прашањето околу новогодишното украсување на градот, при што побара одговор зошто навреме не се договарало околу украсувањето и цената колку ќе чини туку се чекало последните денови, притоа спомна дека истата фирма и лани украсувала во Радовиш. Градоначалникот Ристов со одговор дека порано немале обезбедено средства за украсување на градот. И откако истите ги обезбедиле фирмата не украсила доволно за побараните средства од општината, при што и се заканиле дека ако не им се исплати ќе го „раскрасат“ плоштадот на што градоначалникот не подлегнал на притисоци и се согласил да си го повлечат новогодишното украсување, што се случило преку ниќ.
На седницата во продолжение беше презентирана и усвоена Предлог одлуката за усвојување на Буџетот на општина Радовиш, и Предлог одлуката за извршување на Буџетот на општина Радовиш, заедно со Буџетскиот календар за 2023 година.