Радовиш

Ќе има ли зголемување на платите на вработените во рудникот Бучим, согласно растот на инфлацијата?

По реакција на дел од вработени во рудникот Бучим до телевизија Кобра и mediapress.mk, дека и за последниот месец Ноември, не им се исплатени договорените 12% за Колективна успешност, ниту има покачување на платите согласно инфлацијата пресметана од Заводот за статистика, побаравме одговор од Рудникот Бучим, на неколку прашања.

На прашањето: Зошто за месеците Октомври и Ноември не  се исплатени 12% за Колективна успешност, односно 100% реализација на производството?

Од Бучим ни одговорија дека во период на светска енергетска криза со која сериозно се погодени сите, тие се трудат да опстанат  на пазарот и да ги зачуваат работните места.

„Производството во рудникот Бучим во период од 1ви септември до 25ти октомври беше во прекин поради влошените пазарни услови. Во тој период поголем дел од вработените се пратени на принуден одмор, а со тоа им беше исплаќана основната плата во висина од 70% од просечната исплатена плата во последните 12 месеци. Дел од вработени беа ангажирани на одржување и ремонти на опремата, за што се исплаќаше целосна основна плата и додатоци. Независно од натамошните услови, сепак рудникот Бучим го обнови производството кон крајот на месец Октомври со цел да се зачуваaт работните места и да се продолжи со исплата на целосна основна плата и  останатите додатоци на плата на работниците.

Исплата на награда за работна успешност во висина од 12% од основната плата преставува варијабилен дел од платата доколку Друштвото ги оствари над 95% од планираните производствени показатели на производството на метал во концентрат. За жал, во текот на месеците септември и октомври рудникот Бучим не произведуваше, а во ноември 2022 година показателите не беа исполнети, односно беа исполнети на 70% од планираните месечни показатели“, стои во одговорот од Рудникот Бучим.

Отаму додаваат дека во текот на престанокот на производство, од страна на работодавачот не бил раскинат ниеден договор за вработување, вклучувајќи ги и договорите кои истекувале во тој период.

„Освен овие исплати на плата и награди за успешност,  рудникот Бучим вложува во човечкиот капитал преку издвојување на значителни средства за обуки, а мораме да напоменеме и дека покрај тешката состојба во овој период, рудникот Бучим продолжи со вработувања и во 2022 година пополнети се упразнетите места и примени се нови работници. Сепак, кога работите ќе се погледнат одблизу,  и покрај намалената деловна активноста и економската криза, рудникот се труди да најде решение за надминување на состојбата и да обезбеди сигурни работни места за своите вработени.Бучим, како работодавач, ги исполнува сите законски барања, кои се однесуваат на платата и додатоци на плата на работниците, како и повеќе од законските задолжителните обврски за плаќање, овозможува и исплата на дел од плата за работна успешност, доколку се реализира месечниот производствен план“, велат од Бучим.

Дали се планира зголемување на платите на вработените согласно процентот на зголемување на инфлацијата според податоците од Завод за статистика. (ЗС-Индексот на трошоците на животот во ноември 2022 година, во однос на ноември 2021 година, бележи зголемување од 19.5 %).

„Во буџетот на Друштвото за 2023 година предвидено е покачување на основната плата. Треба да се има во предвид, согласно Државниот Завод за Статистика, индексот на трошоци на животот, ноември 2022 година (бр.4.1.22.109 од 07.12.2022 година) растот на цените од почетокот на 2022 година до ноември 2022 година изнесува 10,7% (индекс 110,7). На почетокот на 2022 година основната плата беше зголемена 3,7%. Со ова покачување е поголемо од трендот на растот на цените на трошоците за живот. Но сепак, ќе мора да ги почекаме статистичките показатели за месец декември, и да утврдиме колку изнесуваше растот на цените во 2022 година“ одговараат од Бучим.

На прашањето: Што презема Синдикатот во Рудникот Бучим за заштита на правата на вработените, во однос на зголемување на платите согласно процентот на инфлација, пракса што ја почитуваше компанијата „Солвеј“, во претходните години, од Бучим ни посочија дека во однос на првиот дел од ова прашање одговор треба да побараме од Синдикатот, како самостојно и независно здружување на работниците, кое не е поврзано со  управата на Друштвото.

Од Синдикатот со одговор: „Барање до рудникот Бучим за зголемување на платите согласно процентот на инфлација поднесовме пред десетина дена. Го чекаме одговорот од менаџментот  и согласно тоа ќе реагираме во иднина“, вели претседателот на Синдикатот Ванчо Коцев.

Во однос на ова прашање од Рудникот Бучим велат дека менаџментот на Бучим и Синдикатот при рудникот соработуваат и вршат консултации за сите прашања што се однесуваат на социјално економската и материјалната положба на вработените.

„Независно на предизвиците кои тековно се појавуваат, се трудиме истите да ги надминеме низ дијалог, без да се нанесува штета по вработените. Комуникацијата со синдикатот е коректна, Бучим ги разбира потребите на вработените и се обидува реално да ја престави ситуацијата на компанијата во актуелното опкружување на енергетска криза и факторите кои влијаат на работењето, како на Бучим така и на целата групација Солвеј.

Сопственикот на Рудникот Бучим, секогаш се грижел за социјалната сигурност на своите вработени и нема причина таа практика да ја прекине, така да и наредната година се очекува зголемување на платите согласно официјалните статистички показатели на Република Македонија, стои во одговорот од Рудникот Бучим.

Од Бучим додаваат дека оваа година порастот на цените беше енормен  и дека досега од моментот кога “Солвеј“’ стана сопственик на Рудникот Бучим,  вакво покачување не е забележано, со тоа што најголемиот пораст на цените се бележи во 2008 година од 8,3%.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago