Радовиш

ДЛУР „Рада“ од Радовиш започна со одржување на бесплатниот курс за млади уметници

Талентирани ученици од Радовиш со дарба за ликовна уметност, го развиваат својот талент преку посетување на беплатен курс за млади уметници во организација на здружението ДЛУР „Рада“- Радовиш, а финансиски поддржан од Општина Радовиш.

„Интересот за овој курс беше голем но услови има само за 37 ученици кои се поделени во две групи, вели уметникот и претседател на здружението Рада од Радовиш,  Душан Коцев кој ќе им го пренесува своето знаење и искуство на учениците, односно ќе ги подучува младите уметници на разни техники на цртање.

 Од здружението на ликовни уметници „Рада“ изразуваат благодарност до Општина Радовиш за поддршката на овој проект за развој на ликовната уметност во Радовиш. За сите ученици се обезбедени потребни материјали за цртање и боење.

Младите уметници се ученици од четврто до осмо одделение во основните училишта во Радовиш.

Според Коцев, целта е курсот да прерасне во традиција и да се одржува секоа година, со цел да може да се одржуваат и ликовни колонии, за млади уметници во Радовиш.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago