Радовиш

Ораторска вечер за ученици, за прв пат се одржа во СОУ „Коста Сусинов“ во Радовиш

Во СОУ „Коста Сусинов“ во Радовиш се одржа првата Ораторска вечер, на која се претставија со свои говори ученици кои се пријавија на распишаниот провик за натпревар во ораторство за сите ученици од I до IV година и за учениците од IX одделение од Општина Радовиш и Општина Конче. Младите оратори ги поздрави директорот Миле Арсов, посакувајќи им успешна ораторска вечер.

Целта на овој натпревар е да им овозможи на учениците да ги подобрат своите лидерски способности преку учество во активности што придонесуваат за развивање на говорничките способности.

Секој учесник на натпреварот имаше задача да подготви говор на одредена тема поврзана со личните ставови и интереси. Говорот требаше да биде разбирлив за пошироката публика, јасен и прецизен со кој се претставија младите оратори.

Жирито одлучи првото место да и припадне на Ана Марија Ѓоргиева, второто на Роман Јованов и третото на Атанас Ѓоргиев. Останатите учесници добија благодарници.

Самата манифестација беше одлично организизирана, а публиката уживаше во прекрасните говори на извонредно талентираните ученици.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago