Технологија

Renault и Nissan во соработка со Uber

Renault и Nissan сега ќе соработуваат тесно со Uber за да им понудат електрични возила по пристапни цени на своите возачи во Европа, особено во Велика Британија, Франција, Холандија и Португалија.

Ова е продолжение на успешниот пилот проект што го започнаа Nissan и Uber во Велика Британија.

Uber станува платформа за мобилност со нула емисии, а оваа недела најави потпишување на Меморандум за разбирање.

До 2025 година, 50% од вкупните километри поминати со Uber во седум европски метрополи (Амстердам, Берлин, Брисел, Лисабон, Лондон, Мадрид и Париз) се очекува да бидат без емисија.

Тоа значи дека до 2021 година, возачите ќе можат да избираат автомобил со нулта емисија во градовите кои сочинуваат 80% од бизнисот на Uber на европскиот пазар.

„Меморандумот за разбирање што го потпишавме со Uber е потврда за нашата способност да освојуваме нови пазари и да ја олесниме енергетската транзиција за професионалните возачи. Денес ја искористивме нашата силна предност: атрактивна понуда на електрични возила која придонесува за зајакнување на електричната мобилност. Во текот на изминатите години, тесно соработувавме со локалните власти за да најдеме решенија за растечките предизвици со кои се соочуваат градовите: урбан сообраќај, зголемени емисии на CO2 и намален квалитет на воздухот. Со потпишувањето на Меморандумот за разбирање, сакавме да ги здружиме силите за да ја забрзаме промената“, рече Жил Норманд, виш потпретседател за електрични возила и услуги за мобилност во Groupe Renault.

Џорди Вила, потпретседател за продажба и маркетинг во Nissan Europe, додаде: „Nissan LEAF нè научи во последните десет години дека луѓето сакаат електрично возење и дека префрлањето на електрична мобилност ќе им помогне на возачите да заштедат пари и да го подобрат квалитетот на воздухот во нашите главни градови. Соработката со Uber во Велика Британија ни помогна да ја зголемиме свеста за важноста на префрлување на возила со нулта емисија, а сега се обидуваме истата таа свест да ја прошириме и во остатокот од Европа“.

.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Share
Published by
Media Press

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago