МТСП информира дека исплатата на финансиска поддршка започна со пензионерите, од денеска исплата ќе има и на останатите социјално загрозени граѓани
Како што информира министерката Јованка Тренчевска согласно законот опфатени се: корисници
на право на социјална сигурност на стари лица, корисници на посебен додаток, корисници на правото на надоместок
заради попреченост, со
попреченост и трајни промени во здравствената состојба кои користат надоместок за помош и нега од друго лице, без потреба
од контролен преглед, самохрани
родители кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална
помош,корисници на право на пензија во
висина до 14.000 денари, корисници
на право на надоместок за телесно оштетување и невработени
лица-корисници на право на материјално обезбедување во вид на паричен
надоместок.
Исплатата на паричната помош за
пензионерите со пензии пониски од 14.000 денари го врши Фондот за пензиско и
инвалидско осигурување, и првата исплата од четирите исплати ќе биде извршена со пензијата за месец
декември. Исто така, тука влегува и надоместокот за телесно оштетување кое го
исплаќа Фондот.
„Пензионерите кои земаат пензија не поголема од 11.525 денари месечно, добиваат по 1.500 денари месечно, за период од четири месеци. Пензионерите со пензии од 11.526 денари и не поголема од 14.000 денари месечно, добиваат помош од 750 денари месечно, за период од четири месеци. Корисниците на надоместокот за телесно оштетување добиваат по 750 денари месечно, за период од четири месеци,“ рече Тренчевска.
Таа информираше дека на 12
декември (понеделник) Министерството за труд и социјална политика ќе ја исплати
паричната помош за : корисниците на правото на социјална сигурност
на стари лица, корисниците на посебен додаток, на правото
на надоместок заради попреченост, надоместокот за попреченост и
трајни промени во здравствената состојба, кои користат надоместок за помош и
нега од друго лице, а не користат право на надоместок заради попреченост, без
потреба од контролен преглед и самохраните родители кои се
евидентирани корисници на гарантирана минимална помош. Овие граѓани ќе добијат
финансиската поддршка од 3.000 денари месечно, за период од четири месеци.
Министерката извести дека, на 14 декември (среда) ќе биде исплатена и паричната помош за невработени лица – корисници на право на материјално обезбедување во вид на паричен надоместок, од страна на Агенцијата за вработување на Република Македонија. Овие лица ќе добијат финансиската поддршка од 3.000 денари месечно, за период од четири месеци.