Компанијата LG
успешно демонстрираше пренос и прием на безжични 6G терахерци (THz) податоци на
растојание од над 100 метри во надворешна средина.
Големо
достигнување беше забележано на 13 јули во соработка со најголемата европска
лабораторија за применети истражувања, Fraunhofer-Gesellschaft, кога податоците
патуваа помеѓу Институтот Фраунхофер Хајнрих Херц (HHI) и Берлинскиот институт
за технологија во Германија.
Еден од
најголемите предизвици во еволуцијата на безжичната 6G THz технологија е
потребата за засилување на моќноста за да се постигне стабилен сигнал на
фреквенции со ултра широкопојасни опсег, имајќи предвид дека 6G има краток
опсег и доживува загуба на енергија за време на преносот и приемот помеѓу
антените.
Засилувачот на
енергија развиен од LG, Fraunhofer Heinrich Hertz и Fraunhofer Institute for
Applied Solid State Physics беше клучот за успехот на најновиот тест.
Засилувачот е
способен да генерира излез на сигнал до 15 dBm во фреквентен опсег помеѓу 155 и
175 гигахерци.
LG, исто така,
успешно демонстрираше технологија за адаптивно формирање на зрак, која го
менува правецот на сигналот во согласност со промените во положбата на каналот
и приемникот, ја префрлува антената со големо засилување, ги комбинира
излезните сигнали на неколку засилувачи и ги пренесува на одредени антени.
Со доаѓањето на
глобалната стандардизација најавена за 2025 година и комерцијализацијата која
ќе следи четири години потоа, 6G мрежите ќе можат да поддржуваат побрзи
безжични преноси и комуникации со мала латентност и висока доверливост.
Мрежата G6 ќе
биде клучна компонента на Ambient Comprehensive Internet, нова технологија која
има за цел да ги подобри животните и деловните средини, правејќи ги
поодговорни, прилагодливи, независни и персонализирани за потребите на
потрошувачите преку препознавање на човечкото искуство и преференции.
„Успехот на
овој тест покажува дека сме се поблиску до успешна примена на терахерц радио
комуникацијата во претстојната ера на 6G“, рече И.П. Парк, претседател и главен
технички директор на LG Electronics. Парк истакна дека успешното партнерство со
локални и глобални истражувачки институции и организации е многу важно за
унапредување на развојот на 6G технологијата.