Струмица

Започнаа активносите за одбележување на Денот на заштитниците на Струмица, Свети петнаесет тивериополски свештеномаченици

Започнаа активностите од програмата на Општина Струмица со кои ќе биде одбележан 11 Декември – Денот на заштитниците на Струмица, Свети петнаесет тивериополски свештеномаченици.

Во Градската уметничка галерија беше отворена изложба на досега неизложени дела од збирката на Меѓународната струмичка ликовна колонија.

Изложбата, на која се изложени триесет уметнички дела создадени на колонијата во периодот од 1963 до 2000 година, врз кои, со поддршка на Општина Струмица, е извршена конзервација и реставрација од страна на Александар Филев, а ја отвори членот на Советот на општина Струмица Ице Беличев.

Тој во своето обраќање пред љубителите на уметноста, меѓу другото, истакна: „Вечерва треба да се чувствуваме привилегирани што ја имаме таа ретка можност да бидеме сведоци на овој струмички ликовен времеплов. А кога сме кај тој времеплов, вредно е да се каже дека следната година Меѓународната струмичка ликовна колонија ќе го одбележи јубилејот – шест децении постоење, а во досегашните 59 изданија, создадени речиси 2800 дела во различни ликовни дисциплини, создадени од ликовни творци од целиот свет“.

Празничните активности продолжуваат и утре со концерт на „Распеани струмичани“.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago