Со овој потег компанијата
има за цел да ја направи програмата попристапна, да привлече нови корисници, но
и да и зададе удар на конкуренцијата.
Веб верзијата на Photoshop
моментално се тестира во Канада, каде секој корисник може да пристапи до неа со
едноставно најавување на бесплатна сметка на Adobe. Компанијата ја опишува оваа
услуга како freemium, што значи дека одредени алатки ќе бидат достапни само за
корисниците кои плаќаат за нив. Сепак, сите основни функции на Photoshop ќе
бидат потполно бесплатни, пишува The Verge.
На овој начин, Adobe се
заканува да ја потисне Canva, која моментално е најпопуларниот бесплатен веб
сервис за графички дизајн на глобално ниво, иако нуди само основни функции за
уредување фотографии, како што се филтри, сечење и ефекти.
Со додавање на напредни
Photoshop алатки на едноставниот интерфејс на Canva, Adobe има намера да ја
направи апликацијата подостапна за почетниците и потенцијално да привлече
корисници кои ќе сакаат да платат за целосната верзија на програмата.
Бета верзијата е веќе тука
Компанијата презеде сличен
чекор со лансирањето на мобилни апликации, како што се Fresco и PS Express.
Исто така, бета веб-верзија на Photoshop беше лансирана минатиот октомври. Тоа
е едноставен интерфејс заснован на соработката на уметниците со заедницата,
бидејќи овозможува пристап до дизајнот, оставајќи коментари и правејќи промени.
Иако Adobe не даде
временска рамка за тоа кога freemium ќе се прошири во други региони,
компанијата продолжува да ја ажурира бета верзијата, додавајќи повеќе креативни
алатки достапни во оригиналната верзија на програмата. Марија Јап,
потпретседател на Adobe, изјави за The Verge:
Сакаме да го направиме
Photoshop попристапен и полесен за користење, за да може повеќе луѓе да го
пробаат.
И за крај уште една вест
од компанијата Adobe. Во вторник, 14 јуни, беше претставен новиот Неврален
филтер за Photoshop. Станува збор за филтер за „реставрација“ на фотографии кој
користи вештачка интелигенција за да ги „чисти“ старите фотографии од
гребнатини и делумно да ги врати нивните оригинални бои. Во комбинација со веќе
постоечки филтер за додавање боја на црно-белите фотографии, старите фотографии
добиваат нов живот.