Прво Леново ја
купи Моторола, а потоа одлучи телефонскиот оддел да го носи името – Моторола!
Според
извештаите од познатите ИТ сајтови ширум светот, Lenovo одлучил да го
преименува својот телефонски бизнис во Motorola. Според тие извештаи, Lenovo
Mobile полека ќе ја направи транзицијата кон брендот Motorola, намалувајќи го
производството на моделите на Lenovo додека не се работи само за брендот
Motorola.
Претставникот
на Lenovo Mobile, на кој се повикува GSMArena, Motorola ќе продолжи да постои
структурно и организациски на ист начин како и досега, а Lenovo Mobile ќе се
пензионира, бидејќи компанијата одлучи дека Motorola е меѓународно признат
бренд, кој Lenovo во сферата мобилната телефонија допрва ќе биде.
Lenovo ќе го
остави настрана својот нов бренд ZUK, чиј прв телефон ви го претставивме
неодамна. ZUK планира да биде еден од премиум брендовите на Android пазарот.
Да потсетиме…
Lenovo, кој во 2005 година го купи одделот за персонални компјутери на IBM и
неговиот легендарен бренд Think PC, во јануари 2014 година објави дека ќе го
преземе и Motorola Mobility, вклучувајќи го брендот Motorola и портфолиото на
иновативни паметни телефони кои вклучуваат Moto X и Moto G, како и серијата
DROID Ultra. Lenovo исто така ја презеде сопственоста на планираната палета на
производи на Motorola Moblity.