Македонија

Нема нови даноци, нема зголемени даноци и се укинува прогресивното оданочување, одлучи Владата

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски и министерот за финансии, Фатмир Бесими го презентираа новиот Концепт на даночна реформа. Новата даночна реформа како што изјави Ковачевски е дел од Стратегијата за реформа на даночниот систем (2021-2025), каде се утврдени главните цели на даночните реформи, поставени во пет приоритети.

Како што одлучи Владата со овој нов концепт:

–           НЕ СЕ ПРЕДВИДУВААТ НОВИ ДАНОЦИ,

–           НЕ СЕ ПРЕДВИДУВА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ДАНОЦИТЕ, односно

–           ДАНОКОТ НА ЛИЧЕН ДОХОД ОСТАНУВА СО ЕДНА СТАПКА ОД 10% И СЕ УКИНУВА ПРОГРЕСИВНОТО ОДАНОЧУВАЊЕ КОЕ ТРЕБАШЕ ДА СТАПИ НА СИЛА НА 01.01.2023 ГОДИНА,

–           ДАНОКОТ НА ДОБИВКА ОСТАНУВА 10% И НЕ СЕ ЗГОЛЕМУВА,

–           ДАНОКОТ НА ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ ОСТАНУВА 18% И НЕ СЕ ЗГОЛЕМУВА

–           Исто така, КАМАТИТЕ НА ДЕПОЗИТИТЕ И ШТЕДНИТЕ ВЛОГОВИ, НЕМА ДА СЕ ОДАНОЧУВААТ.

Овој нов концепт всушност значи РЕВИДИРАЊЕ НА ДАНОЧНИТЕ ОСЛОБОДУВАЊА, ПРОШИРУВАЊЕ НА ДАНОЧНАТА ОСНОВА И КРАЈНО СУЗБИВАЊЕ НА НЕФОРМАЛНАТА ЕКОНОМИЈА.

„Со ова, резултатот од новиот Концепт ќе биде одржливи и повисоки стапки на економски раст, но и транспарентно управување со јавните финансии, што е особено важен во услови на оваа најголема економска криза“, рече Ковачевски на прес -конференција.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago