Радовиш

Дневниот центар Порака од Радовиш свечено го одбележа Меѓународниот ден на лица со попреченост 3-ти Декември

Со пригодна програма Дневниот центар Порака од Радовиш свечено го одбележа Меѓународниот ден на лица со попреченост 3-ти Декември. Корисниците од Порака и ученици СОУ „Коста Сусинов“ од Радовиш заеднички уживаа во изведбата на неколку стари детски игри од книгата „Детските игри во Радовиш“ од Павлина Кошевец, а подготвени од професорката и ментро Kате Диманова Јованова.

Во рамките на проектот „Волонтерска Порака 2022“ беше презентирано и видео „Волонтери со поинакви можности во едно општество со пречки во развојот“ подготвено од герасим Димитров координатор на проектот. 

Целта  на одбележување на овој ден секоја година е да се подигне јавната свест за лицата со интелектуална попреченост.

Присутните гости и родители на корисниците во дневниот центар ги поздрави раководителот  Тања Костадинова и претседателката на дневниот центар Порака во Радовиш Виолета Србакова при што беа доделни благодарници за успешна соработка и поддршка, на повеќе правни и физички лица.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago