Струмица

Костадинов: Струмица има кредитен капацитет и ќе го искористи за стратешки цели, а фотоволтаичните централи се долгорочно решение

Советот на општина Струмица вчера ја одржа 17-та седница со точки на дневен ред од интерес на граѓаните и развојот на Општината.

Најголема дискусија кај советниците предизвика Физибилити студијата за поставување на фотоволтаични централи со кост бенефит анализа за инвестиција на ЈПКД „Кoмуналец“.

Во делот на овие централи, градоначалникот Костадин Костадинов пред советниците потенцираше дека Струмица има кредитен капацитет и ќе го искористи за стратешки цели, а фотоволтаичните централи се долгорочно решение за енергетската криза со која се соочува и целиот свет. Тој упати јасна порака до советниците кои се во дилема за поддршка, дека фотовалтичните централи се иднина кои гарантираат голема заштеда благодарение на капацитетите коишто ги имаме, а тоа ќе значи вложување во поголеми капитални инвестиции.

На седницата се изгласаа и предлог – одлуката за измена на распоредот на средствата на Буџетот на општина Струмица за 2022 година, Програмата за одржување на улиците во град Струмица и населените места, како и локалните патишта во општина Струмица за 2022/2023 година во зимски услови, Одлуката за задолжување на ЈПЕД „Струмица-Гас“ Струмица кај домашна банка, како и одлуките за издавање гаранција за задолжување и за усвојување на Пречистен текст на Статутот на претпријатието, а усвоен беше и извештајот за неговото работење во периодот од 1 јануари до 30 септември годинава.

Беа прифатени и предлог решенијата за разрешување на членови на Управниот одбор и Надзорниот одбор на „Струмица гас“ и именување на нови.На седницата беше усвоен извештајот за работењето на ЈПКД „Комуналец“ во деветте месеци од 2022 година и извештајот од процена на штета од природна непогода – поплава, силен ветар и град на подрачјето на општина Струмица од 29 мај годинава. Усвоена беше и одлуката за доделување парична помош на едно лице од с.Градошорци.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago