Струмица

Општина Струмица и годинава се вклучи во Кампањата 16 дена активизам за борба против семејното и родово базирано насилство

И оваа година општина Струмица се вклучи во Кампањата 16 дена активизам за борба против семејното и родово базирано насилство. Општинската зграда светна во портокалова боја, а градоначалникот Костадин Костадинов упати порака за подигање на свеста, за охрабрување на жените и деца жртви да пријавуваат насилство, а надлежните институции да преземаат координирани и ефикасни мерки за нивна заштита.

Струмица е прва општина во која од сопствен родово одговорен буџет издвојува финансиски средства за функционирање на лиценцираниот Шелтер центар за згрижување жени и деца жртви на семејно насилство, отворено е Психо – социјалното советувалиште за поддршка на жртвите, а ќе биде отворена и Куќа за отворено домување од 6 до 24 месеци.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago