Радовиш

Радовиш меѓу деветте општини од Македонија на кои им е доделена Европска ознака за извонредност во управувањето

Европската асоцијација за локална демократија (АЛДА) додели Европска ознака за извонредност на девет општини од Македонија, информира ВМРО- ДПМНЕ, од каде потенцираат дека седум од девет општини се управувани од градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ.

„Европска потврда дека не сме сите исти. Европската асоцијација за локална демократија (АЛДА) додели Европска ознака за извонредност на девет општини од Македонија, седум од девет општини се управувани од градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ.

Честитки за Тимчо (Аеродром), Тони (Битола), Миле (Виница), Горан (Неготино), Стевче (Новаци), Ацо (Радовиш) и Иван (Штип), покажувате дека и во исклучително тешки услови за работа кога се работи чесно и посветено резултатите се неизбежни. Европско управување во Македонија е можно, има надеж, потребна е промена за Македонија да почне да победува….“ напиша лидерот на партијата Христијан Мицкоски на социјалните мрежи.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago