Радовиш

Радовишките тутунари незадоволни, велат проценката е реална, но цените не ги покриваат трошоците

Радовишките тутунари незадоволни од цената по која се откупува тутунот иако таа годинава е зголемена во споредба со лани за околу 20%.  Откупот на тутунот во радовшко кој започна од пред неколку дена, се одвива на пет – шест откупни пункта и како што денеска ни изјавија тутунарите ги продаваат првите количини тутун, кој е со добар квалитет и очекуваат добра класа.  Според сегашните цени просекот досега им доаѓа по 280 денари за килограм тутун и како што велат не им ги покриваат трошоците.

– Досега предадов околу 200 килограми тутун. Задоволен сум од проценката, но не сум задоволен од откупната цена по класи. Според трошоците, просекот не треба да биде под 400 денари за килограм бидејќи цените на сите производи драстично се зголемени“ вели производител на тутун од радовишки Прналија, кој чекаше ред за на вага, да го продаде донесениот тутун.

Инаку цените на класите годинава имат мало зголемување, односно прва класа тутун се откупува по цена од 300 денари за килограм, втора класа по 240 денари за килограм и трета класа за 180 денари за килограм тутун. Но тутунопроизводителите велат дека тоа не е доволно.

Годинашната реколта во земјава е договорена на над 25 000 тони, но се очекува да биде помала, иако е поголема од ланската и е поквалитетна.

Пред почеток на откупната сезона како што информира министерот Љупчо Николовски, одржале состанок со откупувачите на тутун, кои го информирале дека се подготвени за навремено да почне откупот, со обезбедени средства и подготвени откупни места. Оваа година рече министерот има добар квалитет на тутунот и очекува минимум 20 отсто зголемување на откупната цена.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago