Меморијален Алпинистички собир „Зоран Мајсторски“ и годинава беше одржан на локалитет Плоча на Пилав Тепе во Радовиш
И
годинава беше одржан Меморијален Алпинистички собир Зоран Мајсторски во организација
на АК Плоча од Радовиш.
Зоран Мајсториски кој веќе една година не меѓу нас, 13 години по ред го организираше 6-то ноемврискиот алпинистички собир, во чест на ослободувањето на Радовиш, а од минатата година во негова чест собирот е преименуван во „Зоран Мајсторски“.
Собирот се одржува по 15 пат на
локалитетот Плоча кај Пилав Тепе во Радовиш, и традиционално ќе се
одржува секоја година. Годинава на високите карпи на локалитетот
Плоча кои Зоран ги
искачуваше со леснотија, беше поставена и спомен плоча посветена на големиот
алпинист Зоран Мајсторски од неговите пријатели од Бугарија.
Присутните алпинисти со едноминутно
молчење им оддадоа почит на загинатите алпинисти, Зоран и Драган кои трагично ги загубија своите животи на својата
последна работна задача во Рудникот Бучим
Собирот беше од слободен карактер, се
качуваа насоки по сопствен избор и способност. Учество земаа околу 20
качувачи од повеќе градови во Македонија меѓу кои и двајцата синови на
Зоран Мајсторски, кои тој самиот ги воведе во алпинизмот. Зоран беше иницијатор
и организатор на овој собир кој од година во година беше се по посетуван и
добиваше меѓународен карактер.