„Стани згрижувач“ кампања спроведена на плоштадот во Радовиш, за подигање на свеста за што поголем број на граѓани да станат згрижувачко семејство
„Подај рака
и стани згрижувач“ проект кој го спроведува МТСП и СОС Детско Село заедно со
Центрите за заштита на згрижувачките семејства и локалните самоуправи.
За подигање на
свеста за што поголем број на граѓани да станат згрижувачко семејство, во
саботата во Радовиш, беше спроведена кампања „Стани
згрижувач“, за запознавање на сите
заинтересирани граѓани, со потенцијал да станат згрижувачи, кои преку
промотивни материјали и директни консултации со стручни лица, како и самите
згрижувачи, можеа да се информираат, повеќе за згрижувањето.
За таа цел беше
присутен и заменик министерот за труд и социјална политика Енвер Хусеин. Тој заедно
со градоначалникот Ацо Ристов и пратеникот Коле Чаракчиев кој беа присутни на
поставениот штанд во центарот на Радовиш, остварија и одредени контакти со граѓани за
одблиску да ги запознаат околу згрижувањето на деца.
Занчењето на
згрижувачките семејства за општеството го потенцира и градоначалникот Ацо
Ристов како и пратеникот Чаракчиев.
Настанот беше со цел промоција на
згрижувањето и информирање за бенефитите и условите за истото, со единствена цел секое дете да расте
во топол дом и да добие шанса за светла иднина.
Според Директорот на ЦСР, Радовиш Александар Филев, во општините Радовиш и Конче има потенцијал за згижување на деца но не се доволно информирани. Тој ги повика граѓаните да дојдат во просториите на ЦСР во Радовиш и да се информираат за условите за згрижување како и за поддршката која ја дава државата за овие семејства.
На поставениот
штанд своето искуство го пренесе Аврамовска Љубица, жена- мајка, згрижувачвеќе
12 години, која досега згрижила вкупно 15 деца.