Радовиш

Општина Радовиш достоинствено, со пригодна програма го одбележа празникот 6-ти Ноември, денот на ослободувањето

Општина Радовиш викендот на достоинствен начин го одбележа празникот 6-ти Ноември – 78 години од ослободувањето на Радовиш.

По тој повод беше одржана свечената академија која се одржа во центарот за култура „Ацо Караманов“, а свое обраќање имаше градоначалникот на Општина Радовиш Ацо Ристов и претседателката на Советот Моника Трајанова.

 За негување на традицијата, за долгогодишна истрајност и упорност една дејност да опстои, да се развива и да се пренесе на новите генерации, за убавиот пишан збор и за друг значаен придонес во афирмација на општина Радовиш, беа доделени шестоноемвриски плакети со што им беше одадено признание и благодарност на одредени граѓани.

Плакета за одржување и продолжување на традиција и значаен придонес во афирмацијата на Општина Радовиш беа доделени во областа на културата на ФА „Злевски Бисери“, Здружение „Невена за тебе, за мене за нас“,  на Оливер Бојаџиев и Павлина Кошевец  во областа на издаваштвото и културата и на Јордан Митев во областа на музиката и уметноста.

Од областа на угостителството и заживување на традицијата беше доделена плакета на Пицерија Мери Џејн, на пицерија Гетзби, слаткарница Македонија или позната како Шуш муш. За долгогодишна успешна дејност и чување на традицијата на фризерски салон „Бонсаи“, берберница „Коко“, и на занаетчија – кондураџија Трајчо Петров.

Плакета беше доделена на Васко Тодоров или попознат како Тошо малерот или Ристо од К-15, за негување и промоција на радовишкиот дијалект. На Маком Треф за долгогодишна трговска дејност и негување на традицијата и на Дијар Јашаров за развој на земјоделството и сточарството.

Постхумно беа доделени 6-то ноемвриски признанија на Мите Јефремов од црковниот хор Свети Јован Дамаскин,  на алпинистите Зоран Мајстоски и Драган Станишков и наТони Танчев за особен придонес во спортот во Општина Радовиш, кои и на доктор Владислав Богатај и Перса Чучкова за особен придонес, хуманост и грижа за  здравјето на граѓаните.       

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago