20-годишно јубилејно постоење и работа со лица со интелектуална попреченост на Дневниот центар Порака од Радовиш
Дневниот центар за
работа со лица со интелектуална попреченост Порака од Радовиш денеска одбележа
20-годишно јубилејно постоење и работа со оваа категорија на граѓани. Во присуство
на повеќе гости, пријатели и поддржувачи, активистите се потсетија на
почетоците и каков пат изодиле за да се дојде до денешниот современ дневен
центар.
Почетоците беа тешки започнавме во онаа стара барака која ни е во близина и немавме никакви услови, но благодарение на поддршката од Општина Радовиш ја добивме оваа зграда која благодарение на наши поддржувачи ја претворивме во еден прекрасен дневен центар со сите услови каков што е денеска“, рече Татјана Костадинова – раководител на ДЦ Порака, Радовиш.
Претседателката на ДЦ Порака, Радовиш, Виолета Србакова ги спомна сите досегашни претседателки – жени, кои во текот на годините дале свој придонес за развој на дневниот центар.
По првата претседателка Снежана Чачарова, се промениле уште неколку претседателки на Дневниот центар Порака, д-р Лилјана Сусинова, Благица Долдурова и Катерина Фурунџандова.
Благодарност во
вид на повелба која ќе стои закачена на ѕидот во Дневниот центар и беше
посветена на Виолета Чаева Димоска како идеен творец на дневните центри и
социјалните клубови за лица со интелетуална
попреченост ПОРАКА.
По повод 20 -годишното постоење на дневниот центар Порака свое обраќање исполнето со емоции имаа и градоначалникот на Општина Радовиш Ацо Ристов како и поранешниот управител на рудникот Бучим Николајчо Николов.
Во името на двата рудника Бучим и Боров Дол честитки за 20-годишниот јубилеј посака и прес -секретарот Кристина Крстева, која притоа спомна дека како и досега што го поддржувале овој Дневен центар, така и годинава донирале целосна реконструкција на фасадата на зградата на дневниот центар Порака, со термоизолација за заштита од влага.